Водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел и понатаму одбива да препорача да се носат заштитни маски и предупредува дека е „многу опасно“ да се потпрете ( само ) на нив.
Многу е опасно да се верува дека маските за лице ќе ја променат играта кога станува збор за Ковид-19 – изјави Тегнел за „Фајненшал тајмс“.
Тој објасни дека маските можат да бидат само додаток на другите мерки ако се тие доволно безбедни.
Но, да имате маски за лице и потоа да помислите дека можете да ги наполните автобуси или трговските центри, тоа е дефинитивно грешка, рече Тегнел, кој е главен автор на шведската стратегија за борба против коронавирусот, што не предвидува рестриктивни мерки.
Тој ги наведе Белгија и Шпанија како примери, кои препорачуваат да се носи маска и сè уште имаат голем број на луѓе заразени со вирусот на корона.
Досега во Шведска се заразени 86.068 лица, а како резултат на вирусот починале 5.810 луѓе.