Во градот во близина на Опленац, Драган Спасиќ Паја и неговите синови ги засукаа ракавите и решија да го вратат во живот „Opel Adam Olympia“ од 1938 година. Работата трае веќе три години, но како и секоја друга работа, и оваа дава резултати. Контурите на автомобилот кој беше хит во Европа пред скоро стотина години се веќе видливи. Наскоро, по уше едно фарбање, започнува склопувањето на делови и автомобилот ќе е подготвен.

  • Интересно е што каросеријата е сè уште исклучително „здрава“, а моторот е во добра состојба – вели Спасиќ.

Овој автомобил останал како воен трофеј по Втората светска војна. Во него се возеле офицери на окупаторската нацистичка армија. Автомобилот бил во сопственост на Миле Игњатовиќ од селото Бање кај Аранѓеловац, а до 1976 година бил соодветно регистриран и возен по српски патишта. Се пензионирал како 38-годишник.

  • Јас го купив во 2015 година и веднаш започнав со реставрацијата. Ги имам сите потребни делови, а во меѓувреме добив и „дупликати“, а во време на интернет и купувањето е многу полесно. Во суштина, сите делови се од Германија, но тие најчесто се ремонтираат. Значи, ако имате пари, не е проблем да стигнете до нив – кажува Паја.

Патем, „Opel Olympia“ е германски автомобил што „Opel“ го произведувал од 1935 до 1940 година, од 1947 до 1953 година и од 1967 до 1970 година . Автомобилот е создаден со развој на претходникот „Опел 1,3 литар“. Претставен во февруари 1935 година на Берлинскиот автомобилски саем, го доби името по Олимписките игри во Берлин во 1936 година.

Паја вели дека веќе има многу понуди за снимање серии и филмови, но дека тој не размислува за тоа. Единствено што му е важно е што наскоро ќе го вози низ Шумадија. Тоа е, вели тој, награда за сите напори.

Спасиќ има уште една „Олимпија“ од 1953 година. И таа чека за обнова.


Напишете коментар