Претседателот на СРС Воислав Шешељ зборуваше во утринската програма на Телевизијата Хепи за Жељко Ражнатовиќ Аркан и посочи дека Аркан бил и агент на сојузната УДБА.

Пред војната, Аркан беше агент на УДБА и личен пријател на Стане Доланц. Стане му даде пиштол со посвета: „На Жељко од Стане.“ Тој беше професионален убиец, учествуваше во организацијата на убиството на Ѓурековиќ и на некои други лица, рече Шешељ и додаде:

Војната го затекна како агент на сојузната УДБА, а шеф на федералната полиција тогаш беше Ќулавиќ и тој му даде задача да го компромитира Слободан Милошевиќ што е можно повеќе на големите митинзи. Поради тоа Аркан излезе со највоинствените пароли, па се качуваше на коњите пред сојузното собрание.

Постои полициски документ за тоа кој во Хаг ми го даде Франко Симатовиќ и тој документ јас го употребив во мојот процес, рече Шешељ.

Водачот на СРС, Војислав Шешељ рече дека Аркан излегол од контрола откако починал шефот на српската полиција, Радован Стојичиќ Баџа.