Кулминираат настаните во Израел. Се води вистинска граѓанска војна на улиците на еврејската држава. Силите на ИДФ само што влегоа во комплексот на џамијата Ал-Акса во услови на нови немири во Ерусалим.

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-мајор Авив Кохави изјави денеска дека вооружените сили извршиле напади на повеќе од 500 цели и убиле десетици терористи оперативци и, како што вели, му нанеле болни удари на палестинската терористичка организација.

Ние сме решени да им возвратиме на терористите на најсериозен можен начин, рече израелскиот генерал, нагласувајќи дека армијата ќе продолжи да ги напаѓа позициите на Хамас и Исламски џихад во појасот Газа и да се подготвува за поширок конфликт, пренесува ерусалимскиот весник Време на Израел.

Шефот на Шин Бета, израелската служба за безбедност, Надав Аргаман, кратко рече: Неподносливо е терористичка организација да му се заканува на Израел. Ова не е време за разговори.

Поддржувачите на Хамас и Исламскиот џихад ќе платат висока цена за своите постапки, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на обраќањето пред граѓаните.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц додаде дека нападот врз појасот Газа е само почеток.

Ние сме во битка. Вчера и денес армијата изврши напад врз стотици цели на Хамас и Исламскиот џихад. Убиени се десетици команданти, вклучително и високи воени функционери. Ние продолжуваме да извршуваме напади. Имавме состанок и донесевме одлуки. Хамас ќе плати, ќе плати висока цена за твојата одлука за гранатирање на израелска територија. За оваа битка ќе трабе време и трпеливост, рече Нетанјаху.

Началникот на Генералштабот на Израел, Авив Кохави, објави дека е подготвен да ги прошири операциите во појасот Газа, доколку е потребно.

Ќе продолжиме да ги извршуваме нападите и нема да оставиме во функција ниту тунел кој палестинските екстремисти го користат за да го нападнат Израел, рече Кохави.

Градоначалникот на Лода во Израел вели дека на улиците има граѓанска војна.

„Целосно ја изгубивме контролата над градот, постои граѓанска војна меѓу Арапите и Евреите на улиците.

Израел им нареди на граничните баталјони да се движат од Западниот брег кон Лода.