Жестокиот конфликт во Нагорно Карабах може да доведе до нуклеарна катастрофа.

Имено, една од потенцијалните цели на можен напад на Азербејџан врз Ерменија може да биде нуклеарна централа, напишаа странските медиуми пред неколку месеци.

Во деновите пред конфликтот во регионот Нагорно-Карабах, ерменските власти повторија дека добиле сериозни закани од Азербејџан. Заканите на Азербејџан дека ќе ја погоди нуклеарната централа Метсамор не се ништо друго освен злосторство против човештвото и меѓународната заедница треба соодветно да одговори, рече ерменскиот министер за територијална администрација и инфраструктура Сурен Папикијан во обраќањето на 64-та годишна сесија на Генералната конференција на ИАЕА на 21 септември.

Ерменија ќе продолжи да вложува максимални напори да ги спречи ваквите закани во иднина, рече тој во таа прилика.

Зборувам за реална закана од ракетен удар врз нуклеарната централа Метсамор, изјави претставник на Ерменија, Сурен Папикјан.

Според него, Азербејџан најави дека целта на ваквиот удар ќе биде „да се предизвика катастрофална штета за Ерменија и нејзиниот народ“.

За прв пат се соочуваме со ситуација кога вистинската закана за безбедноста на нуклеарната централа не доаѓа од терористичка организација, туку од државата преку нејзиниот официјален претставник. Покрај тоа, држава која се претставува пред меѓународната заедница како нејзина одговорна членка и полноправен субјект на меѓународните односи.

За жал, до денес меѓународната заедница нема ефективни механизми за ограничување за да се спречат потенцијалните закани за безбедноста на нуклеарните централи од страна на државите и немаат алатки за ефикасно реагирање на заканите кои се веќе упатени, рече министерот Папикијан, како што објавија ерменските медиуми.

Заканите на Азербејџан следеа за време на конфликтот оваа лето меѓу двете земји околу границите. Вкупно 16 лица беа убиени во конфликтот.

Сепак, заканата со ракетен напад врз советска нуклеарна централа, потег што може масовно да го зголеми бројот на мртви и да предизвика катастрофа од типот на Чернобил во регионот и пошироко, изненади многу луѓе, пишува Радио Слободна Европа.

Ерменската страна не смее да заборави дека најсовремените ракетни системи на нашата армија ни овозможуваат прецизно да ја нападнеме нуклеарната централа Метсамор, што може да доведе до голема катастрофа за Ерменија, изјави на 16 јули портпаролот на Министерството за одбрана на Азербејџан, Вагиф Даргали.

Сега, повеќе од два месеци подоцна, повторно се стравува дека конфликтот на Кавказот може да ескалира до степен Азербејџан да ја исполни својата закана.