Вредноста на криптовалутата биткоин денес порасна за шест проценти и повторно достигна рекордно високо ниво.

Една “монета” од оваа криптовалута во моментов вреди 25.005 американски долари.

Оваа криптовалута доживува изненадувачки успех за време на пандемијата на вирусот корона.

Од март, кога вредеше 5000 американски долари, до денес, вредноста на биткоинот е зголемена за 400 проценти, пренесува порталот Бизнис денес и пренесува Танјуг.