Во Пекинг е прогласена вонредна состојба поради нагло зголемување на бројот на случаи на инфекција со коронавирус .

По одлуката за прогласување вонредна состојба, влезовите и излезите кон сите населби каде што е регистриран вирусот беа затворени.

На улиците се створи голем метеж откако Комунистичката партија на Кина објави дека е прогласена вонредна состојба во сите области во главниот град, кадево саботата беа регистрирани шест нови случаи на инфекција со коронавирус, пренесува Анадолија.

По одлуката за прогласување вонредна состојба, влезовите и излезите кон сите населби каде што е регистриран вирусот беа затворени. Исто така, зголемен е бројот на инспекции и контроли на сите локации со голем број посетители.

Во Пекинг е прогласена вонредна состојба по наглото зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус во округот Шунји, лоциран на северо-истокот на главниот град, во близина на меѓународниот аеродром во Пекинг.

Планирано е околу 800.000 луѓе да бидат тестирани во 92 лаборатории во областа Шунји.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи може да се забележат долги редици на луѓе во центрите за тестирање.

Властите во Пекинг прогласија вонредна состојба за заострување на мерките против КОВИД-19 и беше одлучено да се откажат прославите, патувањата надвор од градот и колективните новогодишни забави, како и верските настани во градот.

Градските власти најавија дека студентите не треба да го напуштаат Пекинг во наредниот период.