„Фантастично шоу во Крим. Фестивалот „Таврида Арт“ заврши со грандиозна изведба – илјадници светлечки беспилотни летала насликаа неверојатни слики на небото.
Крим стана место каде се остваруваат соништата на младите. Каде што сега можат да стекнат професионално искуство разговарајќи со најуспешните претставници на културата. Таврида стана најсветлиот настан на летото за млади и амбициозни луѓе,“ беше објавено на фејсбук профилот на Рускиот Претседател Владимир Путин.


„Покрај тоа, 106 победници на натпреварот „Лидери на Русија“ беа прогласени во Сочи. Стотици млади менаџери се натпреваруваа за влез во врвната листа на најперспективни луѓе во светот на бизнисот, политиката и управувањето. Точка на раст за Русија. Идната генерација на оние кои ќе ја водат Русија напред,“ беше додадено во објавата.