Дел од новата нуклеарна централа „Астравец“ во Белорусија денес беше затворена за време на тест постапка откако генераторот го активираше системот за заштита.

 EPA/MAXIM GUCHEK / POOL

Нивото на радијација во оваа зона беше нормално, пренесува Ројтерс.

„Системот за заштита беше активиран за време на пробното индустриско работење на одделот 1, како дел од тестирањето на системот и опремата“, се вели во соопштението на белоруското Министерство за енергетика, додавајќи дека зрачењето во близина на нуклеарната централа е нормално.

Истиот оддел на нуклеарната централа претходно беше затворен поради технички проблеми на 7 ноември за време на церемонијата на отворање, на која присуствуваше и претседателот Александар Лукашенко.