Ова е само една од грозоморните снимки кои наводно биле снимени во регионот Нагорно Карабах

Вознемирувачко видео се појави на социјалните мрежи, наводно, снимено како азербејџанските трупи убиваат ерменски цивил. Ерменија тврди дека тоа е само едно од низата воени злосторства извршени за време на неодамнешниот конфликт во Нагорно Карабах.

Видеото, за кое не е потврдена автентичноста, покажува како војниците му го пресекуваат вратот на еден постар човек, Ерменец кој живее на оваа територија, пренесува „Русија денес“.

Тој исто така предупреди дека условите на тековниот прекин на огнот може да не се одржуваат, велејќи дека „со започнување на воена агресија, Азербејџан и Турција ги прекршија своите меѓународни обврски и дека Азербејџан ги прекрши своите обврски во мировниот процес“.