Тој веќе примил терапија поради можна инфекција со коронавирус, но не е сигурно што точно довело до неговата смрт. Телото го пронашол медицинскиот персонал кој забележал дека долго време бил во тоалетот.

Сепак, на социјалните мрежи наскоро започнаа да кружат снимки од болницата и телото на мажот како лежат на подот од бањата, додека другите пациенти престојуваа во своите кревети. Меѓу бројните коментари, се посочува дека болницата е пред колапс и дека пациентите се оставени сами на себе.