Воената ветеранка и демонстрантка Ешли Бебит беше застрелана за време на демонстрациите во Вашингтон во средата кога таа и приврзаниците на Трамп се обидоа да влезат во зградата на Конгресот.

Иако на почетокот била свесна, им подлегнала на повредите во болницата и починала.

Таа беше меѓу приврзаниците на Трамп кои се обидоа да упаднат во зградата, а откако куршумот ја погоди, таа почина во болницата.

Сега е објавено видео на социјалните мрежи, на кое јасно се гледа како починала Бебит. Во моментот кога сакала да помине низ веќе скршената врата, припадник на обезбедувањето или полицијата, кој ја држел под закана со оружје од почетокот на снимката, испукал еден куршум директно кон неа.

Иако неговото лице не се гледа најдобро затоа што е покриено со црна маска, тоа што сите го забележаа е дека човекот што ја застрелал е во костум, што значи дека тој бил на работа во Конгресот.

Потоа, на стравичната снимка се гледа како Ешли паѓа на грб откако ја погодиле, а луѓето во паника се собираат околу неа во обид да ја спасат.

Двомесечната тензија околу изборите во Америка кулминираше во средата кога избувнаа немири и демонстрации пред Конгресот во Вашингтон.

Повеќе од 50 лица беа уапсени за време на демонстрациите во средата, четворица починаа, беше прогласена вонредна состојба и полициски час, а Бајден со одлука на Конгресот официјално беше прогласен за нов претседател.