Израелската полиција употреби водени топови во Ерусалим и солзавец во Тел Авив, за да ги растера демонстрантите, кои незадоволни од економската криза поради пандемијата на коронавирус и мерките кои се повторно воведени, протестираа и бараа оставка на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Стотици граѓани се собраа во Ерусалим пред резиденцијата на Нетанјаху, а потоа излегоа по улиците, а полицијата употреби водени топови за да ги растера, јавуваат медиумите.

Најмалку две лица се уапсени, соопшти полицијата.

Во исто време, илјадници луѓе во Тел Авив побарале државна помош за компаниите кои се загрозени како резултат на економската криза предизвикана од епидемијата на вирусот корона.

Израелската телевизија Ресети објави дека полицијата во Тел Авив употребила солзавец против демонстрантите, како и дека имало мали судири со полицијата.

Полицијата соопшти дека на протестите има уапсени демонстранти.

Инаку владата на Нетанјаху донесе одлуката повторно да се затворат салите и теретаната поради вториот бран на вирусот корона, додека на рестораните и кафеаните им е дозволено да служат само храна за носење дома.


Напишете коментар