Министерот за надворешни работи на косовската влада во Приштина, Мелиза Харадинај-Стубла, објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нема да добие дозвола за посета на Косово се додека, како што рече, „не се извини за геноцидот извршен врз народот на Косово“.

„Немате дозвола да го посетите Косово се додека не се извините за геноцидот извршен врз нашиот народ и додека одговорните за тој геноцид не бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Стубла на својот профил на Твитер.