Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе ѝ се обрати денеска на нацијата, соопшти Службата за соработка со медиумите. Како што се наведува, Вучиќ ќе се обрати во 15 часот во зградата на генералниот секретаријат.

Претседателoт на Србија и во вторникот се обрати до јавноста на прес-конференција, на која најави дека во Белград повторно ќе биде воведен полициски час од петок до понеделник. Потоа граѓаните почнаа да се собираат пред собранието и она што почна како мирен протест0набргу прерасна во насилство и судири со полицијата.


Напишете коментар