Вучиќ беше иритиран од новинарските прашања и реакции на социјалните мрежи во врска со фотографијата од Овалната соба во Белата куќа, каде што седи на столче пред бирото на Трамп.

Дали ви пречеше столот! Немам проблеми со столот или со ниските страсти, бев таму за да го подигнам угледот на Србија, можев да стојам, можев и да клекнам, претпоставувам дека е важно што донесов во Србија, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија пред новинарите во Брисел.

Марија Захарова зборува за ниските страсти, а јас за руската салата – рече Вучиќ, повикувајќи ги новинарите да се почестат на конференцијата во Брисел.

Вучиќ беше иритиран од новинарските прашања и реакции на социјалните мрежи во врска со фотографијата од Овалната соба во Белата куќа, каде што седи на столче пред бирото на Трамп.

Не ми е гајле каде седам. Тоа е едноставно така, не знам што да им одговорам на таквите луѓе. Имавме војни или не? Дали сега имаме мир и стабилност, тоа се прашања за претседателот – рече Вучиќ.

Очигледно изнервираниот српски претседател продолжи:

И мене ми е смешно кога луѓе кои се пониски од мене 30 сантиметри седат на високи столици. Сите водители на РТС испадна дека се повисоки од мене. Како тоа да е важно. Ова е приказна за дофрлањето. Мене не ми пречи столот. Нема да имам комплекс и ќе се борам уште посилно за мојата земја. Тоа зборува за нив затоа што тие мислат само како ќе седнат во поудобна фотелја – рече меѓу другото Вучиќ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *