Балканската мрежа за истражувачко известување (БИРН) објави на својот портал дека бројот на умрени и инфекции од коронавирус во Србија во изминатиот период е многу пати поголем отколку што беше официјално објавено.

Бројот на заразени лица во последните денови од минатата недела се движеше помеѓу 300 и 340 на ден, што далеку ги надминува официјалните податоци за 97 нови случаи, пишува БИРН.

Врз основа на увид во податоците што се дел од официјалниот државен информативен систем Ковид19, новинарите на БИРН откриле дека во периодот од 19 март до 1 јуни 632 пациенти починале од коронавирус во Србија, што е за 388 смртни случаи повеќе од беше официјално објавено за тој период (244 починати).

Најголема разлика во бројот на умрени, забележаа новинарите на БИРН во Клиничкиот центар Ниш. Додека според официјалните податоци, таму починале 77 пациенти, податоците од информативниот систем „Ковид19“ покажуваат дека бројот на умрени во тој период бил 243, што е разлика од 166 мртви.


Напишете коментар