Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека има докази дека бил прислушкуван и дека тоа траело година и пол. Тој за Курир истакна дека не ги знае директно имиња на луѓето кои го слушале, но смета дека знае кој стои зад тоа.

Aleksandar Vučić Foto: Srđan Ilić

“Имам докази дека сум бил прислушуван. Имам свои снимени разговори затоа што некои мислеа дека може да ги избришат, да ги сокријат. Но, не заборавајте дека кога имате ваква поддршка од народот е лесно . Тие сфатија дека има голем број луѓе кои сакаат да работат искрено и професионално“, рече Вучиќ во интервју за Курир.

“Јас не сум од оние луѓе кои ќе бидат страствени за одмазда, разбирам како сето тоа изгледа и сè ми е јасно. За мене не е ништо посебно”, рече тој.

Тој додаде дека прислушувањето траело долго, околу година и пол.