Србија направи повеќе тестови за вирусот корона од сите земји од поранешна Југославија заедно, плус Албанија, односно вкупно 428.000, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во Црна Гора беа спроведени 18.000 тестови, сите брзи тестови, затоа што немаат лаборатории за тестови за PCR. Северна Македонија поштено тестираше 64.000, БиХ 97.000, Хрватска 82.000. Србија 428.000. Бугарија, која е со иста големина како и Србија и во исто време членка на ЕУ 147,000, Унгарија која е поголема од Србија имаше 281.000 тестирања на населението, рече Вучиќ.

Врз основа на тие бројки, Вучиќ праша „како знаат од што луѓето умираат, кога не се тестираат“. Тој повтори дека Србија тестирала пет пати повеќе од Хрватска а не е пет пати поголема од таа соседна земја.

Тој посочи дека во Хрватска тестирањето чини 215 евра, а во Србија, доколку дојдете на ваше барање, тестирањето чини 50 евра, додека тестирањето е бесплатно ако имате симптоми.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *