Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува на Парадата на победата на 24 јуни во Москва, на покана на рускиот претседател Владимир Путин.

Александар Вучиќ го прими амбасадорот на Руската Федерација, Александар Бочан-Карченко, кој му ја пренел поканата на Путин да присуствува на Парадата во Москва.

Во оваа пригода, Вучиќ потврдил дека ќе присуствува, „горд на фактот дека српскиот и рускиот народ, посветени на слободарската традиција, беа на истата страна на законот и правдата во Втората светска војна,“ соопшти прес службата на Претседателот, цитирана од РТС.

„Голема чест е да присуствуваме на одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот. Ние ја освоивме слободата во Втората светска војна со помош на Црвената армија, а Србија е против обидите за ревизија на историјата. Ние ќе се бориме за вистината да преживее“, рече Вучиќ.

Вучиќ изразил и сочувство за жртвите на коронавирусот во Русија и уште еднаш се заблагодарил за човечката и државната солидарност што ја покажал Путин, испраќајќи медицинска помош за земјата.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *