Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва зборуваше за атентатот врз него, кој беше подготвен и, за среќа, спречен.

Велат дека им недостигале дамо 48 часа, затоа имавме најголем број наши снајперисти на отворањето на споменикот на Стефан Немања. Немав панцир и никогаш нема да го носам. Не ме интересира постапката.

Вулин се тресеше од страв, излегов и го прочитав мојот говор. Им фалеле 48 часа, но дали бев мета или некој друг, немам цврст доказ. Тие велат дека многу малку им фалело да ја преземат целата власт во Србија. Не можам да кажам такви работи без најцврсти докази. Тоа е оружје од магацинот МВР.

Министерството за внатрешни работи повремено продава оружје и наше е да откриеме кој го купил тоа оружје и му го предал на Беливук. Тоа е панцирна муниција. Блиндираниот автомобил што го добив од шеикот Мохамед како подарок, не можете да го пробиете со митралез колку и да пукате. Но, ако ја земете оваа муниција, ќе направите песок од тој автомобил. Сè уште немаме докази, рече српскиот претседател.