Руската вакцина Спутник 5 пристигна во Србија, објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Контејнер са вакцином против ковида Спутњик Ве (Спутник V) Научно-истраживачког института Гамалеја спакован за транспорт у иностранство на међународном аеродрому Шереметјево

Тој рече дека пристигнале 20 дози вакцини и дека се наоѓаат во Торлак.

Пристигнаа 20 дози што одат во нашите лаборатории. „Безбедносно информативната агенција” (БИА) ги препрати до Торлак, а сега нашите експерти и луѓето од Агенцијата за лекови имаат време да ги испитаат во наредните денови и недели и да кажат дали можеме да го прифатиме тоа или не“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој рече дека вакцината Фајзер, која исто така побара регистрација, ќе биде тестирана.

Слање вакцине Спутњик Ве (Спутник V) у иностранство

„Очекуваме да ги добиеме првите количини вакцина Фајзер пред крајот на годината, тоа ќе биде мал дел, но ќе добиеме значително поголем дел во јануари и февруари“, рече Вучиќ.

Тој рече дека „беснее вистинска војна“ меѓу производителите на вакцини, но и дека оние кои се експерти ќе ги испитаат оние кои сакаат да се регистрираат во Србија.

Вучиќ исто така рече дека „никој не е луд да ви даде вакцина што ќе го труе народот“.

Запрашан што ќе каже Брисел заради руската вакцина, тој рече дека не го интересира што ќе каже Брисел доколку Србија одлучи за руската или кинеската вакцина, но тој е заинтересиран за животот на граѓаните.

„Не ми е гајле што ќе ми каже некој, туку здравјето на луѓето. Ја почитувам Европа, но најмногу ја сакам Србија и најмногу ги сакам луѓето што живеат во Србија, без оглед на нациите. Наша обврска е да спасиме животи. Јас ќе направам сè за да спасам уште еден живот, дури и ако поради тоа трпам најлошите напади од Брисел, Пекинг, Москва”, рече Вучиќ.

Тој потенцираше дека нема да може да заспие ако знае дека може да обезбеди руска или кинеска вакцина и да спаси животи на граѓаните и дека тоа го одбил заради политиката и Брисел.

„Како би можел да заспијам после тоа?“, праша тој.

Тој посочи дека ќе се потруди да се тестираат безбедни вакцини на пазарот, кои ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Србија.