Српскиот претседател Александар Вучиќ во септември ќе се сретне со косовскиот премиер Авдулах Хоти во Вашингтон за конструктивен разговор, пренесува „Анадолија“.

Иако на почетокот на преговорите Вучиќ велеше дека не планира да разговара околу косовското прашање тој сепак денес рече дека може да се отворат сите карти.

Тој исто така изјави дека не очекува брзо решавање на проблемот но би сакал да има добра дебата на која што тој може да ги каже српските ставови.

Советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан ќе биде домаќин на разговорите заедно со специјалниот претставник на САД за преговорите на Србија и Косово, Ричард Гренел.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *