Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот инстаграм профил објави видео снимка од разговорот со познатата холивудска ѕвезда Џони Деп.

Претседателот на нашиот северен сосед напиша: Добредојде во Србија!

Вучиќ исто така објави и неколку фотографии со Џони Деп на кои во описот напиша: Благодарам драг Џони, за се што правиш за промоција на Србија.

Светскиот познат глумец денеска пристигна во главниот град на Србија, Белград. Причината за посетата на холивудскиот актер во српската престолнина е промоцијата на анимираната серија на Деп, произведена во Србија, Пафини, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во Јерволино студио (ИЕС).