Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска рече дека приходите во буџетот на земјата за јули се неочекувано повисоки од најдобрите проекции што ги имала владата. Тој нагласи дека Србија во вториот квартал на оваа година е втора земја во Европа по стапката на раст на бруто домашниот производ.

,,Неочекувано имавме одлични приходи, повисоки од нашите најдобри проекции. Многу сме задоволни од состојбата на буџетот за јули”, истакна тој.

Вучиќ додаде дека многу била потешка состојбата во април и мај, кога на сила беа најстрогите мерки за заштита од коронавирусот.

Денеска ги добивме првите проценки за стапката на раст за најголемиот дел од европските држави. Србија е моментално втора во Европа за вториот квартал, а пред нас е само Литванија. Сите останати се далеку далеку зад нас, подвлече претседателот на Србија.


Сподели