Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија ќе биде втора во Европа, во следните 72 часа, според стапката на вакцинација.

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, а јас верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме дури второпласирани во Европа, а во исто време ќе можеме да достигнеме дури петто место според стапката на вакцинација во светот, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ посочи дека сега е скоро невозможно да се добие вакцината и дека Србија сега прима помалку вакцини од Фајзер отколку што е пропишано во билатералниот договор.

Со ова темпо, ако продолжиме да вакцинираме, имаме вакцини за уште 7 или 8 дена, затоа што треба да обезбедиме ревакцинација. Значи, на сите што веќе биле вакцинирани им е дадена втора доза – рече српскиот претседател и изрази загриженост за појавата на нов вид на вирусот корона.

Значи, имав разговор денес, не можам да ви кажам со кого, и по тој разговор можам да гарантирам дека ќе добиеме уште 100.000 дози, рече Вучиќ.