Москва накнадно ги дозна деталите за посетата на претседателот Александар Вучиќ на Вашингтон, а тие детали предизвикаа зачуденост кај руското раководство, пишува денешниот московски дневен весник Комерсант.

Весникот наведува дека Москва била изненадена кога ги добила резултатите од посетата, а потоа на социјалните мрежи следуваше „саркастичниот пост” на портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Весникот, повикувајќи се на повеќе извори во руските државни структури, пишува дека не само што снимките од Вашингтон предизвикале зачуденост, туку зачуденост предизвикале и резултатите од посетата на српскиот претседател кој се состана со американскиот претседател Доналд Трамп и косовскиот премиер Абдула Хоти во Белата куќа.

Потпишувањето на точката за заемно признавање на Косово и Израел во присуство на Вучиќ во суштина ги легитимира аспирациите на Приштина за самоопределување. Очигледно, руските власти го предупредија претседателот на Србија за последиците од некои позиции од договорот од Вашингтон, пишува Комерсант.

Весникот наведува, повикувајќи се на извори во руските државни структури, дека во исто време „Белград не ја известил Москва за голем број точки вклучени во договорот, вклучително и трансферот на амбасадата во Ерусалим, признавањето на Хезболах како терористичка организација и забраната на кинеските технологии“.

Претседателот Вучиќ ја информираше Москва за резултатите од неговата посета на Соединетите држави. Но, дури по постот на Марија Захарова, наведува Комерсант.


Напишете коментар