Досега се вакцинирани 320.000 лица и им честитам на нашите граѓани. Се обидуваме да добиеме повеќе вакцини, се води вистинска војна на владите во светот за вакцините. Никој повеќе не почитува никакви договори, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Верувам дека ќе добиеме значителни количини кинески вакцини до мај-јуни и се бориме да стигнат до нас, можеби веќе во февруари, рече Вучиќ.

Ова е војна за животот на луѓето, но и за иднината на економијата. Стана прашање на живот и смрт. Ако успееме да вакцинираме милион луѓе, имаме предност. Сите кои биле вакцинирани исто така ќе бидат ревакцинирани. Во регионот имаат добиено нула вакцини, додаде Вучиќ.

Јас би се вакцинирал со кинеска вакцина, а мајка ми ја прими кинеската вакцина, но мислам дека нема смисла да ја примам, а другите не. Сакам да бидам со мојот народ и ќе чекам ред и ако имам одредена привилегија, рече Вучиќ.

Од раните зори се води борбата за вакцината, за секоја вакцина, за секој граѓанин на нашата земја. Многу состаноци, многу тешки разговори. Светот денес е како Титаник, богатите се обидоа да обезбедат чамци за спасување само за себе. Богати и големи.

И да ги остават сите други без ништо, да потонеме заедно со Титаник. Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок за животот на Србија и ќе успееме во тоа, рече тој.