Вучиќ потсети на важната улога што патријархот ја играше за српскиот народ и за државата.

Љубовта беше основа на верата на покојниот патријарх Иринеј, а неговата Србија беше онаа во која што владееше мирот, Србија што разбира и се почитува, рече претседателот Александар Вучиќ денес.

“Тој живот имаше јасни цели: Бог, љубов и Србија. Неговиот Бог беше Бог на разумот, оној што простува, оној што разбира, оној кој сака. Бог за сите нас, оној што не дели, туку обединува, оној што нè учи и кој нè штити “, рече Вучиќ.

Претседателот исто така изјави дека Храмот на Свети Сава, кој патријархот толку многу го посакувал и го завршил, е храм нСрбија. Србија која што тој ја сакаше – наша и ваша Србија !