Комисијата за здравство во Вухан денес објави дека го открила вирусот корона на пакувањето на бразилско говедско месо, откако тестирањето на замрзната храна било одобрено низ цела Кина.

Комисијата додава дека вирусот е пронајден на обвивката со три пакувања говедско месо, објави Ројтерс.

Говедското месо пристигна во Кина, во пристаништето Кингдао на 7 август, а во Вухан пристигна на 17 август, каде што беше неодамна во фрижидер.

Вухан е град познат по тоа што вирусот корона најпрво се појавил таму, а потоа се проширил низ целиот свет.

Бразилската влада за Ројтерс изјави дека не добила никакво известување од кинеските власти.

Сега, повеќе од 100 работници мораа да одат на тест, а 200 примероци беа земени од различни површини во фрижидерот каде што се работело.