За Бугарија постои опасност од санкции поради ниската стапка на вакцинација. Дека постои таков ризик и сериозно мора да размислуваат за тоа бидејќи имаат сигнали од европски партнери, говори и министерот за здравство на Бугарија, Стојчо Кацаров.

Тој додаде дека владата нарачала три нови лекови од различни компании против Ковид-19, кои ќе пристигнат во Бугарија во наредните денови. 

Се надевам дека ова нема да ја намали вакцинацијата. Лековите се 50 отсто ефективни, а вакцините 90-95 отсто, изјави Кацаров.

Министерот за здравство на Бугарија го поздрави позитивниот тренд на намалување на ново заразените со Ковид-19 во последните две недели. Другата добра вест што тој ја соопшти е високото ниво на вакцинација – во просек 20.000 нови дози вакцина дневно.

Во моментов се вакцинирани околу 25 отсто од населението, изјави Кацаров.

Тој ги прецизираше сите три проблеми што доведуваат до сѐ уште високата смртност кај нашите соседи:

– првиот е што смртните случаи ги следат новите случаи со задоцнување од околу 10-15 дена.

– вториот е тоа што многу мал дел од населението е вакцинирано, бидејќи околу 90 отсто од луѓето кои завршуваат во болница се не се имунизирани, а кај починатите – 95 отсто не се имунизирани.

– трето е фактор на лошата состојба на Бугарскиот здравствен систем, тој е сериозно неурамнотежен, потребни се итни реформи, но мора да биде формирано Народно собрание и да се има добра волја, изјави Кацаров.