Бројот на починатите од корона вирусот значително се зголемил во изминативе десетина дена, покажуваат податоците од извештаите кои секојдневно ги објавува Министерстовто за здравство. Во периодот од 3 јуни па до 12 јуни корона вирусот бил причина за смртта на вкупно 30 пациенти кои што се лекувале во некоја од здравствените институции во Македонија. Со тоа вкупната бројка на починатите денеска изнесува 171 од вкупната бројка на 3.701 до сега заболен граѓанин.

Зголемувањето на бројот на починатите оди паралелно со зголемувањето на бројот на заразените од опасниот вирус, при што најголемиот број е забележен во неколкуте последни денови, што и самиот министер за здравство ги нарече втор бран. Бројот на новозаболените почнува да се зголемува од 3 јуни кога се регистрирани 101 инфициран граѓанин и четири починати лица. Во наредниве шест дена бројот на заразените се движи од 87 до 180, а во тој период починале 16 пациенти.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *