Од едицијата “Верувале или не”, Британка заработила 28 милиони долари рентајќи го дворот како паркинг.

Таа го изрентала својот двор на апликацијата YourParkingSpace за што добивала и до 20 фунти од час, а заработката ја остварила за првите 11 месеци годинава, и покрај рестрикциите кои во Велика Британија беа воведени поради коронавирусот.

Инаку на овој сервис се рентаат повеќе од 250 илјади паркинг места. Најниската цена за еден час изнесува 2 евра и се движи до нешто над 20 евра од час. Тука се понудени и приближно 4 илјади паркинг места со полнач за батерии.

Оваа сума и не е толку нереална, особено поради фактот што некои паркинг места во Лондон се продаваат и oколу милион фунти.