Во Рим се воведени парични казни до 500 евра за фрлање ракавици и маски на улица. Тоа е предвидено со наредба потпишана од градоначалничката на главниот град на Италија, Вирџинија Раџи.

„Во овие месеци на задолжителна хигиена нашите вработени во Одделот за комунална хигиена пријавија бројни примери за собирање на употребени ракавици и маски фрлени на улица од некултурни луѓе“, изјави Раџи.

Уредбата за казна за фрлени предмети по улица ќе важи до 31 јули.

На улиците низ главниот град често може да се видат вакви видови на лични предмети фрлени низ различни места наместо во контејнери. Тие не само што се потенцијална опасност за ширење на зараза, туку истовремено ја оштетуваат животната средина.

Во Италија повеќе од 230.150 луѓе беа заразени со коронавирусот, особено на северот од земјата. Од почетокот на корона-кризата во февруари досега починаа 32.877 луѓе.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *