Исламската држава предупредува дека корона вирусот е Божја казна

Тоа го изјави Абу Хамза Ал Кураиши, кој се претстави како портпарол на терористичката организација.

Исламската држава во аудио пораката објавена денес изјави дека пандемијата со корона вирусот е Божја казна за нејзините непријатели и се закани со нови напади.

Лицето кое зборуваше се претстави како портпарол на терористичката организација Абу Хамза Ал Кураиши, но неговиот идентитет не беше потврден.

Бог со својата воља ја испрати казна на тираните од ова време и нивните следбеници. Задоволни сме од казната што ви ја испрати Бог – рече наводниот портпарол на видеото објавено на веб-страницата на Исламска држава.

Ова е трета аудио порака од Исламската држава откако Абу Ибрахим Ал Хашеми Ал Кураиши беше назначен за нов лидер, откако американските специјални единици во Сирија го убија Абу Бакр Ал Багдади на крајот на минатата година.

Борците на таа организација се повикани да „ги подготват сите расположиви сили насекаде и да бидат што е можно пожестоки кон Божјите непријатели“.

Не дозволувајте да помине ниту еден ден, без да го направите нивниот живот страшен, се вели на снимката.

Говорникот не кажа кои цели може да бидат предмет на напади, но тој спомена земји каде е активна таа група, како што се Сирија и Ирак, но и Западна Африка.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *