Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, рече дека најважниот приоритет на надворешната политика на земјата во следната година е спротивставување на Русија.

„Приоритет број еден е спротивставување на руската агресија и зајакнување на безбедноста“, рече Кулеба на брифинг со новинарите.
„Кримската платформа“ е вклучена меѓу клучните задачи.

Да потсетиме, украинските власти претходно најавија создавање на „Кримска платформа“ за координација на меѓународните напори насочени кон враќање на Крим во Украина и заштита на правата на жителите на полуостровот, кои според Киев биле прогонувани.

Министерството за надворешни работи на Украина наведува дека самитот треба да се одржи во мај 2021 година.

Други приоритети за Киев се: борба против вирусот корона, политика кон Украинците во дијаспората, привлекување инвестиции и зајакнување на извозот, зајакнување на позициите во енергетската сфера и подобрување на соработката со африканските земји.