Непочитување на полицискиот час се бележи воТетовско и во последната ноќ од примената на мерката. Евидентирано е дека 10 лицa (ТЕ-10) не ја почитувалe одлуката за ограничено движење.

– Лицата биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци за „непостапување според прописите за време на епидемија“ односно според член 206 од Кривичен законик. Прекршочна постапка за ,,непостапување според прописите за време на епидемија“ односно за некористење на заштитна маска е поведена за 60 лица во тетовскиот регион, соопшти СВР Тетово.

Регистрирани се 10 нови лица кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а биле контролирани вкупно 181 лице. Решенија за самоизолација потпишале три нови лица од Тетово, додека биле контролирани седум лица од Тетово, при што не се констатирани прекршувања на правилата за изолација и самоизолација.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *