Колку дена треба да работат Македонците. Бугарите, Германците или Турците за да можат да си го дозволат најновиот модел на iPhone? Дојче Веле прави нестандардно класацицирање , што јасно ги покажува разликите во Европа.

Порталот Веривокс подготвува т.н. ајфон индекс, што покажува колку долго луѓето во една земја треба да работат за да го купат најновиот модел на iPhone. Во сегашниот случај, станува збор за iPhone 12 со 64 гигабајти меморија.

Пресметките се вршат врз основа на просечната бруто плата во соодветната земја. Тогаш месечната плата се дели на 21, што е просечни работни дена месечно. Ова појаснува колку денови работа треба за да се купи предметниот iPhone. Бидејќи цените на телефоните на Apple не се разликуваат многу од земја до земја, iPhone е многу погоден како основа за споредување на куповната моќ во различни земји, објаснуваат авторите на рангирањето.

Еве што покажува сегашниот ајфон индекс: додека Германците треба да работат во просек осум дена за да си дозволат да го купат најновиот модел на iPhone, граѓаните на Лихтенштајн со поголеми приходи ја собираат сумата за околу три дена. Токму Лихтенштајн е на врвот на рангирањето на Веривокс, а на самото дно е Молдавија, чии жители треба да работат во просек 85 дена за да си го дозволат истиот модел на ајфон.

Во оваа класација, Бугарија, на пример е рангирана пред нас – Бугарите треба да работат во просек 41 ден за да купат iPhone 12. Во Романија се потребни 24 дена, во Грција – 20 дена, во Турција – 36 дена, а кај нас во Македонија – 76 дена.

Од рангирањето на Verivox исто така дознаваме дека во посиромашните земји iPhone честопати е поскап отколку во побогатите земји. Додека во Германија iPhone 12 чини околу 900 евра, во Македонија се продава за над 1.000 евра. IPhone е релативно скап во Грција и Унгарија, каде неговата цена надминува 950 евра. Според порталот Веривокс, разликите во цените се должат на различните даноци и увозни такси.

Индексот ја дозволува и оваа споредба: додека Македонците и Молдавците не можат да купат половен ајфон со една плата, потрошувачите во Лихтенштајн се во можност да купат повеќе од седум нови ајфон телефони со една плата.