Актерката ја сподели сликата во светлосин костим за капење, уживајќи на плажите во Мексико.

Поранешната очајна домаќинка се пофали со слика од одморот во Мексико на својот профил на Инстаграм и уште еднаш го покажа своето тело во одлична форма.

Од Мексико со љубов, напиша таа во описот, а нејзината фигура навистина изгледа совршено додека позира на одмор, потполно опуштена, па не сме изненадени што многумина ја фалат:

Прекрасна, Изгледаш навистина одлично, Леле, се само дел од коментарите.

Нејзината совршена фигура заслужни се интензивните вежби, но и пилатесот и јогата: Трчам, вежбам кардио вежби, правам јога. Сите мислат дека има тајна за добриот изглед. А всушност тоа е тренинг и урамнотежена исхрана. Посветена сум на цел и тоа е тоа, изјави таа во една прилика за People.

Нејзиниот тренер Грант Робертс рече дека тренингот на Ева се состои од кардио вежби, но исто така и многу вежби со справи што има ефект врз мускулната маса.