Требаше во март, па во јуни, но корона-кризата двапати го откажуваше плеј-офот во Лигата на Нации, кој може да ја одведе Македонија до прво учество на едно Европско првенство. 

Нашите избраници во рамки од полуфиналето во Скопје треба да ја пречекаат селекцијата на Косово, а денес УЕФА објави нов датум за одржување на историскиот натпревар за двете селекции. 

На денешниот состанок на Европската куќа на фудбалот меѓу другото беше донесена и одлука полуфиналето на Лигата на нации да се игра на 8 октомври, додека финалната средба која носи виза за Европското првенство е закажана за 12 ноември.

Во случај на победа над Косово, избраниците на Игор Ангеловски за противник во финалето ќе ја имаат селекцијата на Грузија или Белорусија, натпревар кој би го играле во гости. 

Првично натпреварот против Косово требаше да го играме во март, па во јуни или септември, а сега новиот термин е во октомври 2020 година.

На ова имаше повеќе реакции за датумот кој што го добивме за натпреварот. Нашиот голман Столе со емотивна изјава : “За ова се живее , за ова сонуваме цела кариера. Мораме да ја направиме Македонија горда ! “


Напишете коментар