За првпат денот на гласање на избори во земјава не е следен од набљудувачите на ОДИХР. Коронавирусот ја смени мисија на ОДИХР од набљудувачка во Специјална мисија за проценка на изборите. Деветчлениот тим кој го распореди Организацијата за демократски институции и човекови права во земјава од 22 јуни ја следеше изборната кампања, изборната администрација, регистрацијата на гласачите, финансирањето на камапњата, но и медиумското покривање на камапањата, како и законска рамка која го покрива изборниот процес.

Иако мандатот оваа година не им е широнк мониторинг на изборите и Мисијата на ОДИХР не е во можност систематски да го набљудуваме изборниот ден во целата земја, шефицата на Мисијата, Лаима Андрикиене, сепак најави дека членови на нејзиниот тим ќе посетат одреден број на гласачки места и ќе го мониторираат гласањето, броењето на гласовите и нивното сумирање.

ОДИХР утре во 15 часот ќе го објави својот прелиминарен извештај за предвремените парламентарни избори кои се одржуваат денеска, а крајниот извештај ќе го објави за околу два месеци.


Напишете коментар