Шведските власти објавија дека ќе ангажираат уште 10.000 медицински сестри и старатели за стари лица и немоќни кои се изложени на најголем ризик од заболување од корона вирусот.

Скоро половина од 3.460 лица кои починале во Шведска од вирусот корона биле жители на старечки домови, а четвртина биле оние кои биле згрижени дома. Пристапот на Шведска значително се разликува од другите земји, бидејќи оваа скандинавска земја не воведе силни ограничувања, со цел да се одржи економијата „отворена“.

Епидемијата од вирусот корона покажа дека старите луѓе се ранливи, што укажува дека мора да направиме некои промени , рече министерката за здравство Лена Халенгрен.

Оваа информација може да им користи на многу наши медицински работници кои планираат да си ја побараат среќата во странство. Шведска и досега беше една од омилените држави каде македонските граѓани заминуваа на печалба!


Напишете коментар