• Ќе ги видиме резултатите во текот на првата недела. Во Белград, може да се види дека бројот на новозаболени почнува да се намалува малку, но треба да биде јасно дека тој сè уште е на високо ниво. Голем број се лекуваат надвор од Белград – вели д-р Предраг Кон.

Како што понатаму изјави, потребни се подготовки поради пристигнување на нашиот народ од странство.

  • Тие ќе мора да бидат во карантин и самоизолација. За тоа ќе се дискутира на следниот состанок – објаснува тој.

Кон исто така смета дека затворањето на границите е тешко, но дека медицинскиот дел од Кризниот штаб нема да има ништо против ако тоа е мерка за државата.

Тој исто така нагласува дека е малку веројатно дека нема да има мерка за новогодишните празници.

Дека ќе има отворени кафичи после 15 часот, и народ по улицте тоа мислам дека и најглемиот оптимист ќе сфати дека е невозможно.

Покрај тоа, тој изјави дека сега сме на врвот, и дека Белград беше на врвот во претходните две недели.

  • Мое мислење е дека ако не сме во можност да ја разбереме оваа ситуација, тогаш државата мора едноставно да прифати да затвори сè – додава тој.