Не можеме да очекуваме враќање на некои нормални текови барем уште една година, велат во СЗО!

Да го издржиме овој трет бран на ковид-19, за да можеме да се вратиме во нормалниот живот! Можеме да очекуваме вакцини до крајот на годината! До средината на следната година, ќе избереме која вакцина ќе ја сакаме!

Сите овие надежи, можеби ќе се покажат како премногу оптимистички прогнози. Таквите надежи како кула од карти само за неколку минути беа уништени од главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан, со изјавата „дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против коронавирусот“!

Таа рече дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и кај нив треба да се утврди кој е изложен на најголем ризик, а потоа на ред се постарите лица за вакцината.

Здравите млади личности можеби ќе мора да почекаат до 2022 година, рече Сваминатан.

Значи, не можеме да очекуваме враќање на некои нормални текови, кога огромното мнозинство од населението ќе се вакцинира, односно короната ќе биде ставена под контрола, барем уште една година, а можеби и малку подолго!

Но, што може да значи тоа за нашите вообичаени животи? На пример, дека учениците и студентите ќе ја следат оваа и следната учебна година многу повеќе преку интернет отколку во училниците, дека во текот на 2021 година границите на многу земји ќе бидат затворени, како за туристите, така и за сезонските работници, дека различните мерки и забрани ќе останат уште долго време да бидат ефективни.

Многумина со месеци правеа планови за летни одмори во Грција следната година, но ако се повтори ситуацијата од минатата летна сезона, македонските граѓани ќе можат само да сонуваар за одмор на Халкидики, Тасос, Лефкада и други омилени дестинации. Бидејќи несомнено е дека Грците би можеле да побараат потврда за вакцинација наместо тест за ПЦР како услов за влез во земјата.

Конечно, ако нема масовна вакцинација во текот на 2021 година, економијата, и нашата и на другите земји, тоа силно ќе го почувствуваат.

Политичарите и економистите постојано истакнуваа дека „новото затворање би било погубно за нашата економија“. Тоа посебно би ги погодило туристичката и авио индустрија.