За да се избегне нелојалната конкуренција за време на карантинот, од утре е забранета продажба на облека и обувки, електронски производи, играчки, книги и слично во супермаркетите до 30 ноември, односно сѐ додека се затворени останатите продавници специјализирани за вакви производи.

Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис, вели дека одлуката е „обид да се обезбеди рамнотежа и еднаквост на пазарот, во периодот додека се во сила рестриктивните мерки” и голем дел од бизнисите се затворени по наредба од државата.