Одлуката важи до 8 февруари
Грција воведува задолжителен седумдневен карантин за сите што ќе влезат во земјата, без разлика на кој начин и од која земја.

Ова е предвидено во одлуките за мерките за заштита од коронавирусот кои се во сила до 8 февруари.

По истекот на седумдневниот карантин, ќе се прави ПЦР-тест и доколку е негативен ќе заврши нивната домашна изолација, а во спротивно карантинот ќе трае 14 дена.

За дел од патниците, согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар за патување во Грција, ќе се прават и брзи тестови, посебно на оние што пристигнуваат од Велика Британија, за кои се воведени посебни правила.

За сите кои од странство пристигнуваат во Грција е задолжителен негативен ПЦР-тест, направен 72 часа пред патувањето.