Лидерот на СДСМ, Зоран Заев побара оставка од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

На својот фејсбук профил Заев напиша:

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски.

Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.

Денеска, стигнува сметката од таквото несовесно, незрело и неодговорно однесување на Чулев кој по диктат на Мицкоски не презема ништо за да се санкционираат оние кои не ги почитуваат мерките и задолженијата.

Таквото антинародно и антидржавно однесување мора да запре, Чулев мора веднаш да поднесе оставка затоа што свесно го загрозува јавното здравје и свесно поттикнува незаконско постапување, напиша Заев.


Напишете коментар