Премиерот на македонската влада, Зоран Заев во интервјуто за српски Курир вели дека целиот семеен бизнис на Заеви бил поврзан со Србија.

Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горни Милановац. Убавата Јелена. Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот екстра профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продадов суви пиперки во Србија, вели Заев во интервјуто за српски Курир.

Јас бев крстен по еден Зоран од Горни Милановац. Тој беше толку добар пријател на чичко ми Душко, и мене името ми го дадоа по него, вели Заев.

Секое струмичко село имаше по еден град во Србија каде што луѓето традиционално ги продаваа своите земјоделски производи, вели Заев во интервјуто за српски Курир и додава:

Муртино доминираше во Горни Милановац. Едно лето бев на Калениќ пазарот во Белград, но традицијата е традиција, и се вратив во Горни Милановац. Околу пет-шест години одев на тој пазар со дедо ми и чичковците, а понекогаш и сам. Таму заработивме добро. Од тримесечна работа на пазарот во Горњи Милановац, јуни, јули и август ја изградивме куќата на четири ката. Тогаш и парите и работата вредеа. Целото наше богатство започна од земјоделството.

Пазарот беше отворен до четири или пет. И веќе од пет-шест, ние младите одевме во некое кафуле. Таму ја запознав Јелена, мојата прва љубов, вели тој. Ние сме на иста возраст. Таа доаѓаше после и кај нас на пазарот. Тоа траеше најмалку две и пол години.

Првата голема заработка, од 2,4 милиони марки е од пиперки, кој ги сушевме во Струмица, а потоа ги продававме во Хоргош за производство на црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Се договоривме и профитот беше 2,4 милиони марки. Со тој капитал купивме цигланата.

И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот: Тој е создаден од пазарот во Горни Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже еден српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, вели Заев во интервјуто за српски Курир.