Лидерот на СДСМ Зоран Заев се закани дека Али Ахмети и ДУИ нема да биде дел од новата власт, ако СДСМ ја добие довербата од граѓаните, ако и понатаму инсистираат дека новиот премиер треба да биде Албанец.

На својот профил на фејсбук Заев напиша: Во нашата земја мандатар за Претседател на Владата може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник.

Доколку СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Владата и ќе бидам премиер, напиша Заев.

Оваа фејсбук дебата меѓу Заев и Ахмети доаѓа по мислењето на Ахмети дека следниот премиер на Македонија треба да биде Албанец.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *