Сподели

Во вечерашната дебата на ТВ 24, на лидерите на двете најголеми партии, Зоран Заев, Претседател на СДСМ и Христијан Мицкоски, на ВМРО ДПМНЕ, Заев изјави дека на следните избори СДСМ ќе освои 55 пратеници, а ВМРО ДПМНЕ 48 пратеници. Според Заев тој очекува шест пратеници од ВМРО ДПМНЕ за да не биде уценуван од ДУИ при формирањето на следната влада, но исто така не ја отфрли можноста дека СДСМ ќе му даде 13 пратеници на ВМРО ДПМНЕ ако можат да формираат влада за да не бидат уценувани од ДУИ.

На ова реагираше Мицкоски, дека Заев е слаб со математика, односно дека треба да им остави на математичарите да се бават со математика.

Иако имаше неколку анкети во изминатииот период, сепак ова е прв пат некој да објави колку пратеници очекуваат двете најголеми коалиции. Според Заев коалицијата на СДСМ ќе освои 55 пратеници, а ВМРО ДПМНЕ 48.

Ќе видиме на 15 јули колку ќе бидат точни овие математики.


Сподели